Diyar Güldoğan
14 Јануари 2025•Ажурирај: 14 Јануари 2025
ГАЗА (АА) - Најмалку 53 Палестинци се убиени, а повеќемина се повредени во израелските напади врз Појасот Газа вчера, изјавија медицински извори за Анадолу.
Цел на нападите беа луѓе собрани на повеќе места во северниот дел на Газа, како и училиште со засолнети раселени Палестинци.
Телата на Палестинците кои беа убиени во нападите извршени од израелски воени авиони и дронови се пренесени во болниците.
Израелската армија ја продолжи геноцидната војна во Газа во која убиени се над 46.500 луѓе, повеќето жени и деца, од 7 октомври 2023 година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.