Safiye Karabacak
25 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
ГАЗА (АА) - Комитетот за поддршка на палестинските новинари информира дека 26 палестински новинари лежат во израелските затвори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Комитетот се наведува дека израелските сили минатата недела го привеле новинарот Лејс Џеар во неговиот дом во Тулкерим на Западниот Брег.
Наведувајќи дека бројот на палестински новинари во израелските затвори се искачи на 26, во изјавата се упатува реакција за продолжувањето на операциите за притвор на палестинските новинари во Израел.
Претседателот на Комитетот, Салих ал Масри, нагласи дека окупаторските сили намерно апселе новинари, и истакна дека нивните сослушувања се одложувале, со цел да се сокријат фактите од светот.
„Окупациските сили, и покрај меѓународните закони и договори кои гарантираат заштита на слободата на мислата и изразувањето, продолжуваат со намерното кршење на правата на палестинските новинари и медиумите“, се додава во изјавата.