свет

Во Германија блокирана банкарска сметка на антиционистичко еврејско здружение

Банкарската сметка на здружението е блокирана од банките што бараа список и адреси на членовите на еврејското здружение

Bahattin Gönültaş  | 28.03.2024 - Обновена : 29.03.2024
Во Германија блокирана банкарска сметка на антиционистичко еврејско здружение

БЕРЛИН (АА) - Во Германија е блокирана банкарската сметка на антиционистичкото еврејско здружение „Jüdische Stimme für jesenchen Frieden in Nahost“ (Еврејски глас за праведен мир на Блискиот Исток), пренесува Анадолу.

Банкарската сметка на здружението е блокирана од банките што бараа список и адреси на членовите на еврејското здружение.

Здружението соопшти дека банката Берлинер Шпаркасе ја блокирала неговата сметка без претходна најава за наводно ажурирање на податоците за клиентите.

Во соопштението се додава дека банката во допис до Управниот одбор на здружението навела дека сметката е блокирана од претпазливост и дека побарале до 5 април на банката да ѝ бидат доставени голем број документи, вклучително и список со имиња и адреси на членовите на здружението.

„Банката како јавна институција подлежи на јавно право и затоа не може произволно да блокира сметки без образложение. Крајно необично е што меѓу бараните документи е и список со целосни имиња и адреси на нашите членови. Ова повеќе звучи како прашање што би можело да го постави разузнавачката служба или полицијата што веќе некое време врши политички притисок врз нас како еврејска организација“, се вели во соопштението на здружението.

Оттаму потсетуваат дека сметката на здружението во „Bank für Sozialwirtschaft“ е затворена во 2019 година по притисокот од Централниот совет на Евреите во Германија.

Во изминатиот период ова здружение во Берлин организираше протести против израелските напади врз Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.