Berk Kutay Gökmen
14 Април 2026•Ажурирај: 14 Април 2026
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави дека контроверзната објава на претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи, на која тој е прикажан во ликот на Исус Христос, била само „шега“, пренесува Анадолу.
„Мислам дека претседателот се пошегува со објавата, но, секако, веднаш ја повлече затоа што увиде дека многу луѓе не го разбраа неговиот хумор”, изјави Венс во интервјуто за „Фокс њуз“, додавајќи дека американскиот претседател сака да ја „бранува јавноста преку социјалните медиуми”.
„Всушност, мислам дека тоа е една од добрите страни на овој претседател, што зборува отворено. Не праќа сѐ преку професионалци за комуникации. Тој директно им се обраќа на граѓаните”, рече Венс.
Вчера Трамп ја избриша објавата од својата платформа за социјални медиуми Truth Social, на слика генерирана со вештачка интелигенција, во ек на сѐ потензичното јавно несогласување со папата Лав XIV, кое се продлабочи откако американскиот претседател му се придружи на Израел во нападите врз Иран на крајот на февруари.
Претседателот на Соединетите Американски Држави ја бранеше објавата, велејќи: „Го објавив тоа, јас како лекар во поврзаност со Црвениот крст, таму има вработен во Црвениот крст кого ние го поддржуваме, само лажните вести може да го поврзат тоа така.”
Венс истакна дека „постојат несогласувања со Ватикан”, додавајќи: „Ние го почитуваме папата. Секако дека сме во добри односи со Ватикан, но, исто така, одвреме-навреме ќе имаме различни ставови за суштински прашања. Мислам дека тоа е сосема разумна работа.”
„Најдобро би било Ватикан да се држи до прашањата за моралот и до она што се случува во Католичката црква, а на претседателот на САД да му препушти да ја води американската јавна политика”, додаде тој.