Ihvan Radoykov
19 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
СОФИЈА (АА) - Румен Радев кој на 14 ноември 2021 година по вторпат беше избран за претседател на Бугарија, како и неговата заменичка Илијана Јотова, положија заклетва во Парламентот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во нашиот прв мандат, поранешниот авторитарен режим беше на врвот. Општествената реакција против мафијата која започна во 2020 година, ги откри настаните и процесите кои тој режим ги негираше“, рече Радев во своето обраќање во Парламентот.
Пратениците на партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, како реакција против обраќањето на Радев, го напуштија Парламентот.
„Овие факти ниту мене не ми се допаѓаат, но јас претпочитам да зборувам тоа што е вистина“, рече Радев во врска со оваа реакција на пратениците на ГЕРБ.
Радев нагласи дека Бугарија била принудена да се справува со последователни кризи и социоекономските последици на тие кризи.
Според него, оваа тема е на агендата и на новата Влада и на новиот Парламент.
Тој истакна дека стариот режим останал во минатото, но дека ќе треба време за да се уништи неговиот менталитет.
На оваа седница во Парламентот беа присутни премиерот Кирил Петков, членовите на владиниот кабинет, членовите на Уставниот суд и други членови на протоколот.
На 22 јануари започнува новиот петгодишен мандат на Радев и Јотова.