Mustafa Deveci
14 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската Војска во Појасот Газа, кој е под блокада, се искачи на 34 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според соопштението на Министерството за здравство во Газа, пронајдени се безживотните тела на уште две лица кои загинаа во нападите на Израел што започнаа во вторникот и запреа заклучно со 05:00 часот по локално време, кога беше постигнато примирјето.
Во ова соопштение не се дадени информации за идентитетот на жртвите, а се нагласува дека бројот на загинати Палестинци во израелските напади се искачи на 34 лица, од кои 6 деца и 3 жени.
Во израелските напади повредени се 110 лица, меѓу кои и деца и жени.