Zuhal Demirci
12 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
ЛОНДОН
Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика Израел и Палестина веднаш да ја намалат тензијата и да бидат воздржани, по неодамнешните израелски напади во окупираните Источен Ерусалим и Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ги повикувам Израел и Палестинците да се повлечат од бездната и да бидат воздржани. Велика Британија е длабоко загрижена за зголеменото насилство и цивилните жртви. Сакаме да видиме како на итен начин се намалуваат тензиите“, нагласи Џонсон на својот профил на Твитер.
- Настаните во Кудс и Газа
Откако израелската полиција не се повлече од „Ал Акса“ и Шеик Џарах, палестинските групи за отпорот вчера истрелаа ракети кон Израел.
Потоа, израелската Армија соопшти дека започнала воена операција наречена „Чувари на ѕидовите“ врз Појасот Газа.
Бројот на загинати Палестинци во израелските напади се зголеми на 48 лица.
Се нагласува дека меѓу загинатите се 13 деца и 3 жени, додека бројот на повредените се искачи на 296.
Палестинските организации за отпорот со ракети ги погодија израелските градови и региони околу Појасот Газа. Израелската полиција извести дека 5 Израелци загинале, а дека 45 лица биле повредени како резултат на истреланите ракети од Појасот Газа.