Umur Koçak Semiz
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Британскиот писател Казуо Ишигуро е овогодишен добитник на Нобеловата награда за книжевност, соопшти Шведската кралска академија, јавува Anadolu Agency (AA).
Наградата ја добил затоа што во романите, со голема емоционална сила ја покажал бездната под чувството на илузија за поврзаност со светот.
Британскиот писател доби награда во вредност од девет милиони шведски круни (околу 945.000 евра). Дипломата и златниот медал ќе му бидат доделени на 10. декември, кога се одбележува годишнината од смртта на основачот на наградата, Алфред Нобел.
Ишигуро е роден на 8 ноември 1954 година во Нагасаки, Јапонија. Неговото семејство се преселило во Велика Британија кога писателот имал пет години. Ишигуро дипломирал на Универзитетот „Кент“.
Првото дело „A Pale View of Hills“ (Блед поглед на ридовите) го објави во 1982 година, а покрај романот напиша и голем број сценарија.
Сепак, познат е и по романот „Остатоци од денот“, објавен во 1989 година, а во неговата екранизирана верзија глумеше Ентони Хопкинс.
Неговите дела се преведени на голем број светски јазици, а продадени се во рекорден број примероци.
Ишигуро четирипати ја освојуваше Букеровата награда, а „The Times“ (Тајмс) во 2008 година го стави на 32. место на листата „Најзначајни британски писатели по 1945 година“.
Утре ќе биде прогласен добитникот на Нобеловата награда за мир, а в понеделник за економија.