Şerife Çetin
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за бегалци и миграција на Белгија, Тео Франкен, кој е познат по неговиот екстремно десничарски став и ставот против бегалците, тврди дека треба да бидат прифатени само барањата за азил кои се вршат преку Обединетите нации (ОН), пренесува Anadolu Agency (AA).
Франкен, во изјава за белгискиот весник „Nieuwsblad“, кој објавува содржини на фламански јазик, истакна дека за решавање на проблемот со бегалците, Европа треба да го прифати „австралискиот модел“, и да ги прифати само оние барања за азил кои се вршат преку ОН.
„Европа треба да ги прифати само барањата за азил кои доаѓаат од камповите на ОН во конфликтните региони. Треба да ги врати назад оние бегалци кои на нејзините брегови доаѓаат со бротчиња“, нагласи Франкен.
Франкен тврди дека оние кои на илегален начин влегуваат во Европа, треба да го изгубат правото за азил. „Илегалната миграција треба да запре“, додаде тој.