İlayda Çakırtekin
01 Јуни 2026•Ажурирај: 01 Јуни 2026
Белгиската Влада денес воведе построги правила за странските студенти кои сакаат да студираат во земјата или да ги обноват своите дозволи за студентски престој, јави новинската агенција Белга, пренесува Анадолу.
Според новите мерки насочени кон спречување на потенцијалната злоупотреба на системот, од странските студенти ќе се бара да покажат побрз академски напредок со добивање најмалку 60 кредити во првите две академски години, а потоа најмалку 40 кредити секоја последователна година.
Максималното времетраење на студиите ќе биде појасно дефинирано и за магистерските студии, напредните магистерски програми, за сертификатите и за докторските студии.
Владата, исто така, има за цел да спречи студентите да го продолжуваат својот престој со постојано менување на курсевите.
Се вели дека се заоструваат визните правила за студентите на институции кои не се официјално признаени, вклучително и некои неакредитирани уметнички училишта и приватни бизнис-училишта.