Ekipa
09 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
ЊУЈОРК (АА) - Белата куќа преку писмо до демократите им порача дека нема да соработува во врска со нивниот нелегитимен и противуставен импичмент на американскиот претседател поради Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Писмото, кое се состои од осум страници, беше испратено до претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), Ненси Пелоси, и други истакнати демократи. Во него се вели дека истрагата е неправедна, нема основа во Уставот на САД и дека не го почитува процесот и владеењето на правото.
„Претседателот не згреши ништо и демократите тоа го знаат“, истакнува Стефани Гришам, секретарот за печат на Белата куќа.
„Овие пристрасни постапки се навреда на Уставот - бидејќи се извршуваат зад затворени врати и му го негираат правото на претседателот да повика сведоци, да ги испраша сведоците, да има пристап до докази и други основни права“.
Писмото напишано од адвокатот на Трамп, Пет Чиполоне, ги обвинува демократите дека сакаат да го „отфрлат исходот“ од изборите во 2016 година, а исто така се обидуваат да им наштетат на шансите на Трамп да биде повторно избран во 2020 година.
„Од тие причини, не може да се очекува извршната власт да учествува во оваа вежба на пристрасниот политички театар“, додаде Гришам.
Законодавците од Белата куќа на 24 септември започнаа истрага за импичмент на Трамп, по тврдењата на свиркач дека претседателот се обидел да изврши притисок врз Украина да се вмеша во претседателските избори во САД во 2020 година.
Се вели дека Трамп во телефонскиот разговор на 25 јули од Зеленски побарал во Украина да се отвори истрага за синот на Џо Бајден, поранешниот заменик-претседател на САД. Трамп пак, тврди дека неговиот разговор со Зеленски бил целосно процедурален.
По тоа тврдење демократите подигнаа обвинение за импичмент на Трамп.
Џо Бајден е водечки кандидат во трката за добивање номинација од демократите за претседателските избори во 2020 година. Трамп, инаку републиканец, во неколку наврати негираше какви било престапи и ги обвини демократите за губење време.