Tufan Aktaş
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Светската програма за храна (WFP) соопшти дека Африканскиот Рог го доживува најсушниот период од 1981 година и дека приближно 13 милиони луѓе се соочуваат со тешки услови на глад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Светската програма за храна (WFP) евидентирано е дека 13 милиони луѓе во Етиопија, Кенија и Сомалија ќе се соочат со глад во првиот квартал од годината поради ефектот на сушата.
Во соопштението се нагласува дека поради тоа што три последователни години врнежите се пониски од очекуваното, оштетени се земјоделските производи, почнал да пцовисува добитокот, а семејствата ги напуштиле домовите поради жед и проблеми со храната.

Мајкл Данфорд, регионален директор на Светската програма за храна (WFP) за Источна Африка, истакна дека е потребна итна хуманитарна помош за да се избегне кризата.
Според Светската програма за храна (WFP), во следните 6 месеци потребни се приближно 327 милиони долари неопходни за помош на 4,5 милиони луѓе.
За време на сушата и кризата со храна во регионот во 2011 година, во Сомалија животот го загубија приближно 250.000 луѓе.