свет

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 747 илјади

Во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.645 случаи на Ковид-19.

Adam Abu-bashal  | 28.10.2020 - Обновена : 28.10.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 747 илјади

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 747 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.645 случаи на Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.747.522.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 182 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 41.845.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (19.053), по која следуваат Египет (6.222) и Мароко (3.445).

На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (717.851), по која следуваат Мароко (203.733) и Египет (106.877).

Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.429.087 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın