свет

Американска помош од оклопни возила за армијата на Либан

Во рамките на пакетот за воена помош, од страна од администрацијата на Вашингтон за Либан испорачани се 150 оклопни возила од типот „хамви“

Mahmut Geldi  | 15.08.2019 - Обновена : 16.08.2019
Американска помош од оклопни возила за армијата на Либан

БЕЈРУТ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) донираа 150 оклопни возила на либанската армија во рамките на пакетот за воена помош, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на либанската армија се истакнува дека во рамките на пакетот за воена помош, од страна од администрацијата на Вашингтон за Либан испорачани се 150 оклопни возила од типот „хамви“ („Humvee“).

Од вчера, воените возила се примени во пристаништето во Бејрут од логистичките единици на либанската армија.

САД со години ја поддржуваа армијата на Либан, и во тие рамки во април донираа 6 беспилотни летала.

Техничките спецификации на беспилотните летала не беа соопштени, но дадени беа информации дека вредноста на беспилотните летала изнесува 11 милиони долари.

САД се едни од земјите кои најмногу обезбедуваат воена помош на либанската армија. Администрацијата на Вашингтон од 2005 година донираше повеќе од 2 милијарди американски долари помош на Либан.

Во 2017-2018 година, за либанската армија од САД беа донирани 6 авиони за напад „А-29 Супер тукано“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın