Emre Karaca
09 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
АНКАРА
Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој е кандидат за претседателските избори во САД во 2020 година, соопшти дека доколку биде избран за претседател ќе ги сподели со јавноста сите видови информации за НЛО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста во „Фокс њуз“, Сандерс истакнал дека сопругата го запрашала како сенатор колку информации може да има за НЛО, а тој ветил дека ако биде избран за претседател на САД, ќе ги сподели со јавноста сите државни информации за вонземјаните.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во една програма на „„Еј-би-си“ (ABC) рече дека неодамна до него стигнале кратки информации за подвижните небесни дела што ги виделе воените пилоти, но дека не верува во НЛО.
Во статијата на „Њујорк тајмс“ објавена во мај се истакнува дека некои пилоти, кои работеле за американската флота, виделе неидентификувани летечки предмети на источниот брег на земјата во 2014 и 2015 година.
Сет Шостак, астроном од Институтот за вонземска интелигенција (SETI), исто така, во однос на летечките објекти истакна дека некои технички проблеми забележани во радарските системи по секоја нивна поправка може да се предизвикани од тие летечки објекти.
Во јуни, Министерството за одбрана на САД го информираше сенаторот Марк Ворнер, заменик-претседател на Разузнавачкиот одбор на Сенатот, но исто така соопшти дека прашањето се разгледало како прашање од безбедноста, а не како прашање за вонземски летала.
Хилари Клинтон, која беше кандидат за претседател на САД во 2016 година, во изјавата за весникот „The Conway Daily Sun“ рече дека можеби вонземјаните многу пати го посетиле светот и дека ќе ја дознае суштината за НЛО.