Dildar Baykan
27 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го упати до Конгресот предлогот во фискалната 2020 година да прими само 18.000 бегалци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според програмата за бегалци во 2020 година, препратена до Конгресот од официјални претставници на Белата куќа, Соединетите Американски Држави во наредната година планираат да одобрат сместување на само 18.000 бегалци.
Бројката претставува најмалата бројка во историјата на современата програма за бегалци на САД.
Покрај тоа, според указот издаден од претседателот Трамп, американската администрација ќе треба да добие одобрение од државните и локалните власти за сместување на бегалците.
Американската квота за бегалци во 2016 година, за време на поранешниот американски претседател Барак Обама, изнесуваше 110.000, а администрацијата на Трамп ја намали на 30.000.