Hasan Tosun
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ВИЕНА (АА) - Во немирите меѓу полицијата и демонстрантите на Австриско-италијанската граница повредени се петмина полицајци а 50 демонстранти беа уапсени, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 1.500 луѓе се собраа на граничниот премин Бренер за да демонстрираат против одлуката на австриската влада за испраќање војници на границата, кои треба да ја контролираат миграцијата на бегалците.
Демонстрантите фрлаа камења и шишиња на полицијата, на што таа возврати со фрлање солзавец.
Претходно, министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил, изјави дека Австрија планира да ја зајакне контролата на границите.