Alma Çekovic
06 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
АТИНА (АА) - Во Грција до крајот на март ќе пристигнат уште 100.000 бегалци и мигранти, предупреди комесарот на ЕУ за миграциi, Димитрис Аврамопулос, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата во пресрет на самитот на ЕУ - Турција, рече дека Грција не е сама, со оглед на тоа што Европа е на нејзина страна, додека претстојниот самит го нарече многу „важен и одлучувачки за наредните месеци”.
Тој нагласи дека е неопходно да се променат правилата за азил, со цел да се намалат тензиите, додавајќи дека „не постои никаква опасност ниедна од земјите членки да биде исклучена од Шенген зоната.”
Аврамопулос рече дека за неколку недели ЕУ ќе најави ревизија на правилата за азил, со цел да се обезбеди праведна дистрибуција на товарот и одговорноста.
Презентирајќи ги најновите податоци, рече дека 57 отсто од бегалците кои пристигнуваат во Европа се деца и дека повеќе од 10.000 луѓе се заглавени на граница на Грција со Македонија.
Претставниците на Европската унија и Турција ќе се состанат во понеделник, 7-ми март во Брисел на вонредниот Самит посветен на бегалската криза.