Mustafa Deveci
08 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во последните две години повеќе од еден милион луѓе од Авганистан биле принудени да ги напуштат своите домови поради конфликтите и постоечката несигурност во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Норвешката комисија за бегалци (НРЦ), минатата година од безбедносни причини, својот дом во Авганистан секој ден, во просек го напуштале околу 1.200 луѓе.
Во извештајот се наведува дека оваа бројка постојано се зголемува и дека Авганистан го напуштиле повеќе од еден милион луѓе во последните две години.
Генералниот секретар на НРГ, Јан Егеланд, рече дека Авганистан стана една од најопасните земји за цивилите, но, исто така, и за хуманитарните организации што работат таму. Егеланд порача дека авганистанските бегалци кои се наоѓаат во Европа, не треба да се вратат во оваа земја.
„Авганистан во моментов не е место каде што бегалците треба да се вратат. Сепак, европските земји насилно ги враќаат авганистанските бегалци во нивната земја. Тоа треба да се запре. Авганистан не е безбеден“, рече Егеланд.
Според извештајот на Обединетите нации (ОН), во нападите на подрачјето на Авганистан во периодот од јануари до септември 2017 година загинаа 2.640, а повеќе од 5.000 цивили беа повредени.