Mahmut Geldi
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, изјави дека Палестина ќе ги преземе потребните политички и дипломатски чекори како одговор на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе продолжиме со нашите активности сѐ додека не добиеме полноправно членство во Обединетите нации (ОН)“, рече Абас.
Тој напомена дека САД, поради поддршката на Израел, веќе не е транспарентен медијатор.
„САД со ваквите постапки го поддржува ционизмот“, истакна палестинскиот претседател.
На 6 декември, американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го признае Кудс како главен град на Израел, со која најави и преместување на американската амбасада од Тел Авив во Кудс. По оваа одлука, во бројни држави следеа несогласувања и протести.