Fatma Esma Arslan
03 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ДАКАР (АА) - Претседателот на Сенегал, Маки Сал, истакна дека 12 отсто од лицата заразени со СИДА во светот живеат во Западна и Централна Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сал имаше свое обраќање на Самитот за борба против СИДА во Западна и Централна Африка кој беше организиран во Дакар од страна на Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА.
Тој истакна дека во 25 земји во Западна и Централна Африка, 4,7 милиони лица се заразени со СИДА, и дека тоа е 12 отсто од вкупниот број на заразени со СИДА во светот.
Според него, исто така, 22 отсто од смртните случаи предизвикани од СИДА се регистрирани во Западна и Централна Африка.
Сал нагласи дека во овие рамки наредната година од буџетот ќе одвојат 3,5 милиони долари за борбата против СИДА.