Elena Teslova
26 Октомври 2026•Ажурирано: 26 Октомври 2026
Украинскиот Парламент, Врховната рада, денес изгласа продолжување на воената состојба и општата мобилизација до 29 јануари 2027 година, јавува Анадолу.
Според податоците објавени од Радата, 293 пратеници гласале „за“ продолжување на воената состојба.
Гласањето е спроведено по предлогот на украинскиот претседател Владимир Зеленски. Пред конечното гласање, пратениците се согласија предлог-законите да се разгледаат по скратена постапка.
Актуелниот Парламент гласа 21. пат за продолжување на воената состојба и мобилизацијата.