Seyit Şamil Kurt
01 Јуни 2026•Ажурирано: 01 Јуни 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предложениот договор со Иран директно му забранува на Техеран да поседува нуклеарно оружје, негирајќи ги тврдењата дека со овој договор доволно не се решаваат нуклеарните прашања, јавува Анадолу.
Во објавата на својата платформа Truth Social, Трамп посочи дека предложениот договор „многу јасно наведува дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје“ и аргументираше дека договорот содржи обемни одредби поврзани со неговата нуклеарна програма.
Очигледно неговата изјава беше насочена кон наводите на Си-ен-ен, во кои се тврдеше дека со предложениот договор доволно не се решаваат нуклеарните прашања – тврдење што Трамп најостро го негираше.
„Потоа (договорот) продолжува, во многу силни и долги детали, да образложува за разни други аспекти на нуклеарното прашање. Всушност, за тоа е поголемопт дел од договорот“, напиша тој.
Исто така, тој критикуваше некои медиуми, обвинувајќи ги за погрешно претставување на содржината на предложениот договор.
Во повеќе наврати Трамп изјави дека секој иден договор со Техеран мора да вклучува гаранции што ќе го спречат Иран да развие или да стекне нуклеарно оружје.