Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Сириски војник загина, неколкумина се повредени во бомбашки напад со автомобил во Дамаск

- Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот
Mohammad Sıo
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Content media
ИСТАНБУЛ

Еден сириски војник загина, а неколкумина се повредени денес во експлозија во близина на зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, јави новинската агенција САНА, пренесува Анадолу.

Воена единица открила експлозивна направа подготвена за детонација во близина на една од зградите на Министерството во областа Баб Шарки во Дамаск, соопшти Одделот за медиуми и комуникации при сириското Министерство за одбрана за САНА.

Единицата веднаш презела мерки за справување и деактивирање на направата пред да експлодира автомобил-бомба во оваа област, при што загина еден војник, а неколкумина беа повредени, додава изворот.

Наџиб ал-Наасан, директор на службата за брза помош и итни случаи во Дамаск, за телевизијата Алихбарија изјави дека од експлозијата загинало едно лице, а 12 се повредени.

Ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.

Инцидентот се случи во време кога новата администрација на Сирија работи на зајакнување на безбедноста низ целата земја по соборувањето на Башар ал-Асад на крајот на 2024 година, по 24 години на власт.

Ал-Асад пребега во Русија, со што се означи крајот на владеењето на партијата Баас од 1963 година.

Преодната администрација предводена од претседателот Ахмед Ал-Шараа стапи на должност во јануари 2025 година.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
 Стапката на пренатрупаност во затворите во Италија изнесува 139 отсто, евидентиран пораст на самоубиства и тензии

Стапката на пренатрупаност во затворите во Италија изнесува 139 отсто, евидентиран пораст на самоубиства и тензии

Следно

Израелската полиција им забрани влез на странски новинари што го критикуваат Израел

Израелската полиција им забрани влез на странски новинари што го критикуваат Израел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меркел вели дека Европа е далеку од тоа да стане најсилен континент во светот

Израелската полиција им забрани влез на странски новинари што го критикуваат Израел

Сириски војник загина, неколкумина се повредени во бомбашки напад со автомобил во Дамаск

Стапката на пренатрупаност во затворите во Италија изнесува 139 отсто, евидентиран пораст на самоубиства и тензии

Глобалната флотила „Сумуд“ соопшти дека израелските воени бродови вторпат ја напаѓаат флотилата за помош на Газа

Израелскиот министер за финансии вели дека за него е издаден налог за приведување од МКС

Германскиот канцелар Мерц: Иран мора да престане да купува време, да се врати на преговарачката маса

Погледни сè