Merve Berker
29 Јуни 2026•Ажурирано: 29 Јуни 2026
Едно лице е убиено, а друго се здоби со животозагрозувачки повреди во пукање во близина на плоштадот Сан Педро, во Сан Хозе, Калифорнија, популарно место за забава и место каде што се собираат навивачите на Светското првенство, јавува Анадолу.
Пукањето се случи околу 21:12 часот по локално време на крстосницата на улиците Норт Маркет и Вест Санта Клара, соопшти Полициската управа на Сан Хозе.
Полицијата соопшти дека една жртва е прогласена за мртва на местото на настанот, додека второто лице е пренесено во локалната болница со животозагрозувачки повреди.
Полициската управа на Сан Хозе соопшти дека инцидентот се истражува како убиство.
Пукањето се случило откако завршиле случувањата од Светското првенство, иако местото за забава и понатаму било преполно со посетители и жители, според локалните медиуми.
Властите брзо реагираa на местото на настанот и затвориja неколку околни улици, повикувајќи ја јавноста да ја избегнува областа. Не е соопштено колку долго ќе останат затворени улиците.
Очевидци и безбедносниот персонал ја опишаа случката како хаотична и рекоа дека екипите за итна медицинска помош ѝ пружиле помош на една од жртвите.
Идентитетите на жртвите не се објавени, а засега нема информации за евентуални осомничени или мотив.