Serdar Dincel
10 Април 2026•Ажурирај: 10 Април 2026
Камал Харази, шефот на иранскиот Стратегиски совет за надворешни односи, почина по повредите здобиени во американско-израелски напад чија цел беше неговиот дом на 1 април, објавија иранските државни медиуми, пренесува Анадолу.
Харази исто така ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи на Иран во периодот од 1997 до 2005 година. Неговата сопруга беше убиена во нападот врз нивниот дом, објави полудржавната новинска агенција „Фарс“.
Непријателствата во регионот ескалираа откако САД и Израел на 28 февруари започнаа заеднички напади врз Иран, како последица на кои загинаа и повредени се илјадници лица.
Вашингтон и Техеран во вторникот вечерта ја соопштија одлуката за двонеделен прекин на огнот кој е со цел да се отвори патот кон конечно решение за ставање крај на војната.