İlayda Çakırtekin
24 Јуни 2026•Ажурирано: 24 Јуни 2026
Околу 68.000 домаќинства во Западна Франција денес останаа без електрична енергија поради тековниот топлотен бран, јавува Анадолу.
Во најзападниот департман Финистер во Франција имаше прекин на електричната енергија доцна синоќа поради екстремните температури што ја погодија областа.
Во објавата на американската платформа за социјални медиуми X, департманот Финистер сооопшти дека прекин на струјата имало во 106.000 домаќинства.
Околу 68.000 домаќинства останале без електрична енергија во југозападниот дел од департманот, додаде тој.
Прекинот се случил по инцидент на два трансформатора на операторот на францускиот систем за пренос на електрична енергија РТЕ.
Од департманот соопштија дека РТЕ не може повторно да ги поврзе погодените домаќинства во текот на денот и дека електрична енергија ќе добијат најрано до крајот на денешниот ден.
„Приоритет се дава на пуштањето електрична енергија во здравствените установи. Домовите за стари лица каде што нема електрична енергија преку мрежата ќе бидат снабдени со генератори“, се додава.
До прекин на електричната енергија поврзан со жештините дојде откако 58 департмани, меѓу кои и Финистер, беа ставени под црвена тревога поради високите температури за кои се очекува да достигнат 40 Целзиусови степени во делови од земјата.
Националната метеоролошка служба на Франција, Метео-Франс, исто така, издаде портокалово предупредување за 31 департман.