Dildar Baykan Atalay
09 Октомври 2026•Ажурирано: 09 Октомври 2026
Најмалку 10 лица загинаa, а 16 се повредени во бунтот што избувнал за време на посетите во затворот во северозападната мексиканска сојузна држава Синалоа, соопштија властите вчера, јавува Анадолу.
Во соопштението, Секретаријатот за јавна безбедност на Синалоа наведе дека бунтот избувнал за време на посетите во затворот во градот Мазатлан.
Според соопштението, загинале деветмина затвореници и еден роднина на затвореник, а 16 повредени затвореници добивале медицинска помош во болниците.
Локалните медиуми објавија дека затворениците користеле огнено оружје.
Властите сè уште не објавија дополнителни детали за инцидентот.
Мексиканскиот Федерален кабинет за безбедност соопшти дека интервенирала Националната гарда и дека ситуацијата во затворот, во кој се сместени 1.800 затвореници, е „ставена под контрола“.
Насилството е честа појава во мексиканските затвори, голем број од нив се пренатрупани и под влијание на наркобандите.