Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Либанскиот претседател ги осуди последните израелски напади, повика на сеопфатен прекин на огнот

„Ова на што денес сме сведоци на југот и во Бека, интензивирање на израелските напади и сè повеќе убиства и уништувања, претставува опасна ескалација што е за осуда“
Lina Altawell
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Content media
ИСТАНБУЛ

Либанскиот претседател Жозеф Аун денес ги осуди интензивираните израелски напади врз јужниот и источниот дел на земјата, во кои има многу жртви и уништена е инфраструктура, при што упати апел за итно воспоставување сеопфатен прекин на огнот, јавува Анадолу.

„Ова на што денес сме сведоци на југот и во Бека, интензивирање на израелските напади и сè повеќе убиства и уништувања, претставува опасна ескалација што е за осуда“, изјави Аун, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет на американската компанија за социјални медиуми Х.

„Во нападите се погодени десетици невини луѓе, вклучително жени и деца, а се загрозуваат и напорите за прекинот на огнот и ставање крај на војната, особено по неодамнешните случувања меѓу САД и Иран“, рече Аун.

„Последните напади нема да нè спречат да работиме на постигнување сеопфатен прекин на огнот колку што е можно поскоро“, додаде Аун.

„За ова прашање не може да има никаков компромис бидејќи сеопфатниот прекин на огнот е предуслов за отворање на сите други теми, пред сè, повлекување на Израел, распоредување на либанската армија и враќање на притворените лица.“

Соопштението е објавено откако најмалку 31 Либанец беше убиен во јужниот и источниот дел на Либан утринава, додека Израел продолжува да ја напаѓа земјата и покрај стапувањето на сила на договорот меѓу САД и Иран.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Русија презема „мерки за ублажување“ на влијанието од украинските напади со беспилотни летала

Русија презема „мерки за ублажување“ на влијанието од украинските напади со беспилотни летала

Следно

Директорката на американското разузнавање со декласифицирани документи за КОВИД-19: Фаучи го доведе Конгресот во заблуда

Директорката на американското разузнавање со декласифицирани документи за КОВИД-19: Фаучи го доведе Конгресот во заблуда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иран: Американски проектили го погодија подрачјето на нуклеарната централа Бушер

Тројца припадници на ИРГЦ се убиени во американските напади врз иранската покраина Хузестан

Јордан пресретна осум проектили истрелани од Иран

Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за првите палестински парламентарни избори по повеќе од 20 години

Експлозии по должината на јужниот брег на Иран, во близина на Бандар Абас

Неколку експлозии одекнаа во иранската покраина Бушер

Турскиот претседател Ердоган се состана со словачкиот колега во Анкара

Погледни сè