Elahe Salari,Mustafa Melih Ahıshalı
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, рече дека
на иранскиот танкер за нафта од страна на Велика Британија претставува прекршување на нуклеарниот договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според иранските медиуми, на редовната неделна прес-конференција во зградата на Министерството за надворешни работи во главниот град, Техеран, Мусеви истакнал: „Минатиот ден во Виена се одржа вонреден заеднички состанок на комисијата за нуклеарниот договор. Претставниците на европските земји го истакнаа своето незадоволство во однос на неисполнувањето на одредени обврски од договорот. За Техеран пак, запленувањето на иранскиот танкер за нафта од страна на Велика Британија претставува прекршување на нуклеарниот договор“.
Мусеви, повторувајќи дека администрацијата на Техеран не може еднострано да го спроведе нуклеарниот договор, нагласи: „Ако продолжи ова, третиот чекор од намалувањето на обврските ќе биде реализиран уште помоќно“.
Во однос на барањето на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, да даде интервју во ирански медиум, Мусеви рече: „Тоа е психолошка иницијатива. Не ја сметаме за сериозна. Барањето за интервју не е прифатено“.
Осврнувајќи се на тврдењата дека еден кинески танкер кој зел LPG (течен нафтен гас) од Иран бил конфискуван од страна на Сингапур, Мусеви истакна дека го очекуваат извештајот на Иранската амбасада во Пекинг.
„Ако се случило такво нешто, тоа е за жалење. Некои земји преку вакви иницијативи го помагаат економскиот терор на САД. Таква иницијатива е апсолутно неприфатлива од наша страна“, нагласи Мусеви.
- Танкерска криза меѓу Иран и Велика Британија
Гибралтарската автономна администрација поврзана со Британија, на 4 јули заплени ирански танкер поради кршење на ембаргата против Сирија.
Иранските власти побараа да биде ослободен танкерот „Грејс 1“, инаку ќе се одмаздат. На 19 јули Врховниот суд на Гибралтар го продолжи периодот на запленувањето на иранскиот танкер до 15 август.
Армијата на Иранската револуционерна гарда објави дека танкерот за нафта „Стена Имперо“ со британско знаме е запленет поради тоа што не се придржувал кон правилата на морскиот сообраќај кога поминувал низ Ормудскиот Теснец.
Техеран и Лондон меѓусебно се обвинуваат за „пиратство“.