Serdar Dincel
21 Април 2026•Ажурирај: 21 Април 2026
Ниедна иранска делегација досега не отпатувала во Пакистан за одржување уште една рунда преговори со САД, објави денес иранската државна телевизија ИРИБ, пренесува Анадолу.
„Досега ниедна иранска делегација не отпатувала во Исламабад, Пакистан - ниту главната делегација ниту некоја помошна, примарна или секундарна делегација“, објави јавниот сервис.
ИРИБ додаде дека јавувањата на многу медиуми дека иранска делегација ќе отпатува во Пакистан и дека преговорите се закажани за понеделник вечер или вторник наутро „се неточни“.
Во веста, исто така, се цитираат изјавите на иранските претставници од неделата вечер, кои укажуваат дека „продолжувањето на учеството во преговорите зависи од промените во однесувањето на Американците“ и дека Техеран одбива преговори „под сенка на закани“.
Пакистан беше домаќин на преговорите меѓу САД и Иран на 11 и 12 април откако посредуваше во склучувањето 14-дневен прекин на огнот на 8 април, кој треба да заврши утре (среда). Напорите за уште една рунда преговори во Исламабад се во тек, иако неизвесноста останува.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу малку веројатно“ дека ќе го продолжи прекинот на огнот и дека поморската блокада ќе остане на сила сè додека не се постигне договор за трајно ставање крај на војната што започна на 28 февруари.