İlayda Çakırtekin
14 Април 2026•Ажурирај: 14 Април 2026
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес упати остри критики до израелската Влада за прекршување на меѓународното право во услови на тековните тензии со Иран, јавува Анадолу.
„Меѓународното право денес суштински се прекршува од една земја, а тоа е Владата на Израел“, изјави Санчез за време на прес-конференцијата по средбата со кинескиот претседател Си Ѓинпинг во Пекинг.
Тој потсети дека Шпанија од самиот почеток војната, „иницирана еднострано“ од САД и Израел, ја смета како „грешка“ и „незаконитост“.
Санчез истакна дека во моменти кога меѓународниот поредок „отворено се доведува во прашање“, светот треба да им се врати на принципите и основите.
„Затоа што токму оттаму се градат оваа иднина и просперитет. И затоа Шпанија е толку одлучна и гласна во одбраната на меѓународното право“, додаде тој.