İlayda Çakırtekin
11 Јуни 2026•Ажурирано: 11 Јуни 2026
Финскиот Парламент одобри закон со кој се воведува тест за државјанство, објави денес јавниот сервис Иле, пренесува Анадолу.
Вчерашното гласање помина со 153 гласови „за“ и 21 „против“, додека отсутни беа 25 пратеници.
Се планира имплементацијата на законот да се реализира на почетокот на 2027 година.
Потоа, кандидатите за финско државјанство ќе мора да го положат тестот или на фински или на шведски јазик.
Тестот, наводно, ќе опфаќа теми како што се финската историја и култура, како и човековите права и еднаквоста.
Понатамошни детали за тестот сè уште не се објавени.
Владата на премиерот Петери Орпо започна да работи на тестот минатата година, а неодамна воведе и други законски реформи во врска со миграцијата, барателите на азил и забрзаните депортации.