Besar Ademi
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - На дебатата во организација на Центарот за развој на медиумите беше презентиран документ за јавна политика, која има за цел да придонесе за подобрување на правниот статус на медиумите и новинарите кои објавуваат материјали на интернет како и другите нови дигитални платформи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањата на Центарот за развој на медиумите во Република Македонија има доволно прописи и закони за да влијаат на различните сегменти на медиумите на интернет и во нивните активности, но како што велат во овој центар, постојат сериозни недостатоци во имплементацијата на некои закони како што е неспроведувањето на казненото право, заштита на авторското право и законот за работни односи итн.
Центарот за развој на медиумите, препорачува да се применуваат некои прашања, како што се правното дефинирање на медиумите и новинарите на посебен начин за да се утврди кои одредби се применуваат во интернет-медиумите, избегнувањето на повеќекратна регистрација, јурисдикцијата на регулирање на автовизуелното тело, како и создавање на професионални здруженија на новинари и медиуми.
На дебатата присуствуваа претставници и новинари на локални и странски медиуми.