Şeyma Erkul Dayanç
10 Јуни 2026•Ажурирано: 10 Јуни 2026
Литванската премиерка Инга Ругиниене изјави дека неодамнешните упади на беспилотни летала над балтичките држави ја нагласуваат потребата од посилно присуство на НАТО по должината на источното крило на Алијансата, јави ЛРТ, пренесува Анадолу.
„Неодамнешните инциденти со беспилотни летала ја нагласуваат важноста на силно присуство на НАТО и веродостојно одвраќање на заканите покрај целото источно крило на Алијансата“, рече Ругиниене по самитот на нордиско-балтичките лидери во Талин вчера.
Нејзините коментари следуваа по неколкуте неодамнешни нарушувања на воздушниот простор во Балтичкиот Регион.
Во понеделникот, француските борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање на Балтикот, соборија беспилотно летало забележано над Латвија.
Ругиниене истакна дека искуството на Украина во справувањето со таквите закани нуди вредни лекции за регионот.
Лидерите на Нордиско-балтичката осумка и украинскиот претседател Владимир Зеленски за време на самитот разговараа и за регионалната безбедност, одбранбената соработка и за континуираната поддршка за Украина.