Furkan Naci Top
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во врска со посетата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во Грција, истакна: „Посетата беше позитивна. И претседателот и премиерот Ципрас зборуваа искрено“, јавува Anadolu Agency (AA).
Коѕијас по средбата со неговиот ерменски коелга, Едвард Налбандјан во Атина одржа прес-конференција каде се осврна на посетата на Ердоган во Грција
„Посетата беше успешна бидејќи ги отворивме потребните канали на комуникација кои беа замрзнати. Беше успешен бидејќи се прават подговтовки на низа нови средби“ рече Коѕијас, информирајќи дека грчкиот министер за миграциски политики Јанис Музалас ќе ја посети Турција.
Шефот на грчката дипломатија нагласи дека подготовките за Советот за соработка на високо ниво кој се планира да се одржи во февруари 2018 година, се во тек.