Şerife Çetin
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Земјите на Европската Унија (ЕУ) објавија дека постигнале политички договор за започнување преговори за членство на Северна Македонија и Албанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Многу сум задоволен што земјите на ЕУ постигнаа политички консензус за започнување разговори за членство на Северна Македонија и Албанија“, истакна комесарот за проширување на Комисијата на ЕУ, Оливер Вархеји, на својот профил на Твитер за време на состанокот на Советот за општи работи, што продолжува преку видеоконференција.
Наведувајќи дека им честита на двете земји, Вархеји рече: „Овој политички консензус испраќа силна и јасна порака до Западен Балкан: вашата иднина e во ЕУ.“
На Самитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во октомври минатата година, земји како што се Данска и Холандија, предводени од Франција, се спротивставија на започнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија.
Комисијата на ЕУ направи некои измени во правилата за проширување за да го отвори патот за процесот на преговори.