Kadir Karakuş,A. Eda Ünlü Özen
30 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по доаѓањето во Париз изјави дека ќе учествува на Конференцијата за климатските промени (COP21) како и дека понатаму чека одговор од руската страна на прашањето за состанок со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
"Баравме состанок, сеуште чекаме одговор" , рече Ердоган.
Ердоган во Париз ќе се состане со американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.
Порано, неофицијално беше најавен и состанокот на Ердоган со Путин.
Двата лидери требаше да разговараат за односите помеѓу двете земји по соборувањето на рускиот воен авион минатата недела, откако го пресретнаа авионите на турските вооружени сили.