Ayşe Doğru
12 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
АНКАРА (АА) - Научниците открија дека луѓето, кои по генетика се љубители на благо, во својот организам имаат помало количество масти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во истражувањето спроведено од Универзитетот „Копенхаген“, анализирани се примероци на крвта, начинот на исхрана и генетски информации на 450.000 лица кои се заведени во англиската „Biobank“. Научниците ги истражиле варијациите на еден од хормоналните гени FGF21, откривајќи дека љубителите на благо во својот организам имаат помало количество масти.
Проф. Нилс Грерап истакнува дека во истражувањето забележале дека кај лицата кои се потрошувачи на поголеми количества шеќер и според тоа, би требало во својата крв да имаат поголемо количество масти, анализата на крвта не го покажала тоа.
Професорот информира дека истражувањето било спроведено само со анализа на варијации на само еден ген, додавајќи дека се обидувале да ја откријат поврзаноста на истиот ген и со останатите органи во телото.
Понатаму додава дека 20 отсто од популацијата на Европа во себе ги носи варијациите на овој ген, истакнувајќи дека во истражувањето се опфатени многу голем број лица, бидејќи крајниот резултат е од големо значење.
Целта на истражувањето и крајниот резултат, како што изјавува проф. Грерап, е давање придонес во развивањето лек кој би се користел за лекување на дијабетес и прекумерна телесна тежина.
Истражувачите истакнуваат дека варијациите на истиот ген се поврзани со високиот притисок и големите количества масти во пределот на абдоменот.
Истражувањето е објавено во списанието „Cell Reports“.