Emre Aytekin
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Научниците развија наноматеријали коишто можат да произведат висококвалитетни тридимензионални слики без употреба на леќи со големи димензии и проекциски системи, јавува Anadolu Agency (AA).
Една група истражувачи од Националниот универзитет на Австралија, со соединување на милиони силиконски низи коишто се 500 пати потенки од влакната на косата, развија наноматеријал што овозможува тридимензионален приказ со помош на светлина.
Новиот материјал користи конвенционални оптички средства што наликуваат на леќи и призми, кои покрај тоа што не се толку големи и тешки, воглавно снимените дводимензионални слики со помош на светлината можат повторно да ги претстават како тридимензионални.
Истражувачите сметаат дека овој изум на полето на камерите и проекторите ќе отвори една нова ера и истакнаа дека нема пречки технологијата на холограм, која беше претставена во филмовите од серијалот „Војна на ѕвездите“, да се користи во комуникациската технологија во секојдневниот живот.
Истакнувајќи дека новиот материјал ќе отвори бескрајни граници, главниот истражувач на проектот, Сергеј Курк за овој пронајдок изјави: „Оваа технологија може да се користи на повеќе полиња, како што е намалувањето на камерите кај мобилните телефони и употреба во комплексните оптички системи во сателитите, со што ќе се намали нивната тежина“.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Оптика“.