наука и технологија

Снимени големите бури на Нептун и Уран

- Вселенскиот телескоп „Хабл“ („Hubble“) ги сними големите бури на планетите Нептун и Уран

Emel Öz Gözellik  | 12.02.2019 - Обновена : 13.02.2019
Снимени големите бури на Нептун и Уран

Ankara

АНКАРА (АА) - Вселенскиот телескоп „Хабл“ („Hubble“) ги сними големите бури на планетите Нептун и Уран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА), на последните снимки направени од страна на „Хабл“, на Нептун е забележана интензивна бура која била двојно поголема од површината на САД.

Се вели дека северниот пол на Уран бил опфатен од „големи облаци на бура“.

Бурите на различни места на Нептун се забележуваат еднаш во четири до шест години.

„Хабл“ од 1990 година врши набљудувања во вселената.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın