ИСТАНБУЛ (АА) - АБДУЛКАДИР ЃУНЈОЛ -
Во областа на вештачката интелигенција, во која последните неколку години има голема конкурентност меѓу САД и Кина, САД остануваат на врвот, иако Кина забрзано го затвора јазот.
Врз основа на податоците до кои Агенција Анадолија (АА) дојде од информациите објавени во извештајот „Кој е победник во трката за вештачка интелигенција (АИ): Кина, ЕУ или САД?“ на Фондацијата за информатичка технологија и иновации, продолжува лидерството на САД на полето на вештачката интелигенција.
Додека Кина забрзано го затвора јазот во трката за вештачка интелигенција, Европската Унија (ЕУ) продолжува да заостанува зад овие две земји.
Во извештајот, кој се однесува на областите на вештачката интелигенција во САД, Кина и ЕУ, земјите се оценувани според одредени критериуми. Според овој извештај, САД се наоѓаат на првото место со 44,6 бода, Кина е втора со 32 бода, а ЕУ е трета со 23,3 бода. Додека Кина го намали јазот со САД за повеќе од половина, ЕУ постигна напредок, намалувајќи ја разликата со САД за нешто повеќе од една четвртина во однос на претходно.
Кина постигна напредок по голем број индикатори наспроти САД во споредба со претходно. Во зголемувањето на бодувањето на САД ефикасно влијание има успешното работење на американските компании во важни области, како што е финансирање на ризичен капитал и приватен капитал.
Еден од најважните критериуми во трката за вештачка интелигенција се и утврдените трошоци наменети во истражување и развој. Во проценката направена врз основа на податоците од 2019 година, Кина ја надмина ЕУ во трошењето за истражување и развој, додека американските софтверски и компјутерски компании потрошија трипати повеќе од Кина и ЕУ заедно во 2019 година.
Според извештајот, Кина направила важни чекори кон намалувањето на зависноста од САД. Од друга страна, САД сѐ уште се лидери во однос на прашањето за чипови што се користат во системите за вештачка интелигенција. Кина, пак, е на врвот според бројот на обработени податоци, што е една од најважните потреби за развој на системите за вештачка интелигенција.
- Највредните технолошки компании се од САД -
Според истражувањето на „Највредните 500 бренда во светот - Глобал 500 - 2021“, подготвено од Меѓународната организација за проценка на брендови „Бренд финансис“, американските технолошки компании се наоѓаат меѓу првите четири на листата на највредни светски компании.
Американската технолошка компанија „Епл“ е највреден бренд во светот, со вредност од 263,4 милијарди долари, а неа ја следат американските технолошки компании „Амазон“ (254,2 милијарди долари), „Гугл“ (191,2 милијарди долари) и „Мајкрософт“ (140,4 милијарди долари).
Според извештајот, овие американски компании ги следат кинеските технолошки компании. „ВиЧет“ е единствената кинеска компанија во првите 10 со вредност на брендот од 67,9 милијарди долари. Другите кинески технолошки компании што се наоѓаат меѓу првите 20 на оваа листа се „Тенсент“ (56,4 милијарди долари), „Хуавеи“ (55,2 милијарди долари) и „Таобао“ (53,3 милијарди долари).
news_share_descriptionsubscription_contact


