Behlül Çetinkaya,Dmitri Chirciu
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
АНКАРА (АА) - ДМИТРИ ЧИРЧИУ/ БЕХЛУЛ ЧЕТИНКАЈА - Рускиот космонаут Александар Лазуткин, кој шест месеци остана на вселенската станица „Мир“, зборувајќи за животот во вселената, рече: „Моравме да спортуваме двапати дневно за да не слабеат нашите мускули, но моравме постојано да се поврзуваме за да не летаме“.
Лазуткин, кој дојде во Турција за конференцијата на вселенската станица „Мир“, при организацијата на Центарот на рускиот јазик и култура и списанието „Утопија“, во разговор за Anadolu Agency (AA) зборуваше за 6-месечниот престој во вселенската станица.
„Појадувавме со специјална храна подготвена за космонаути. Мислев дека ќе ми недостига храната од Земјата, но оброците што ги јадевме во вселената беа вкусни, а по појадокот сите работеа. Додека на Земјата пеш одевме на работа, таму тоа го правевме летајќи“, рече Лазуткин.
Лазуткин наведе дека работел како инженер во вселенската станица и морал да се занимава со спорт двапати на ден.
„Моравме да спортуваме двапати дневно, за да не слабеат нашите мускули. Моравме секојдневно да трчаме на лента или да возиме велосипед. Но моравме постојано да се поврзуваме за да не летаме“, рече тој.
- Туширање во вселената со вода што лета
„По спортот се туширавме, водата што ја користевме од тушот беше во капсулите, а кога ќе ги отворевме, капачето ќе почнеше да лета. Па ја земавме водата што лета и го мачкавме нашето тело.“
Лазуткин, кој се врати на Земјата по 6 месеци престојување во вселената, изјави дека неговите мускули и коски ослабеле.
„Постојано ми се повраќаше поради гравитацијата и не можев ниту да одговорам на прашањата на новинарите“, вели космонаутот.
За да се разбере вселената, Лазуткин рече дека прво треба внимателно да се запознае Земјата и да се патува многу.
- „Космонаутот мора да биде трпелив“
Лазуткин изјави дека тоа му било детски сон и ги советува младите кои сакаат да бидат космонаути да бидат трпеливи и да ги прифатат луѓето какви што се.
Говорејќи за обуката на космонаутите и астронаутите кои ќе одат во вселената, Лазуткин рече:
„Сè се изучува чекор по чекор. Употреба на авиони, скокање со подобран, екстремно решавање на проблемите, пливање на море и преживување во различни клими. Ние, исто така, требаше многу добро да ја запознаеме географијата на Земјата. По двегодишна обука, започнавме со тестирање за летот.“
Лазуткин изјави дека кога бил дете, сакал да биде космонаут за да ги види вонземјаните, но повторно да се врати, бидејќи не можел да ги види.
- Вселенската трка стагнираше во последниве години
„Кина влезе во вселенската трка во последниве години, но треба да го достигне нивото на Русија и Америка, ако сака да стане лидер. По постигнување на нашето ниво, дури тогаш ќе има конкуренција меѓу земјите и технологијата ќе започне да се развива, благодарение на конкуренцијата во проектите за летање во вселената. Но вселенската трка стагнираше во последниве години.
Лазуткин рече дека и веќе нема конкуренција меѓу САД и Русија, дека двете земји соработуваат за вселенските студии и ги користат истите технологии.
- Повторно работи вселенската станица
Лазуткин, кој влезе во Московскиот воздухопловен институт како машински инженер, ги започна своите вселенски мисии во 1997 година.
По втората недела на престој на Лазуткин во вселената, избувна пожар во „Мир“. Лазуткин го изгасна пожарот зедно со неговата екипа. Настанот, кој ја освои титулата „Херој“, се случи во јули 1997 година.
Сончев панел на вселенската станица „Мир“ беше оштетен и се отвори дупка, поради ударот на капсулата Спектра. Двајца космонаути во станицата, заедно со Лазуткин ги санираа каблите оштетени од кабинскиот притисок на „Мир“, кој достигна критично ниво на кислород, користејќи нож за готвење.
Лазуткин, инженер за летови кој успешно ја поврза Спектра на „Мир“, во рок од шест часа, повторно ја врати во орбитата вселенската станица која ја изгуби контролата и повторно беше воспоставен контактот со Земјата.