Emre Aytekin
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
АНКАРА (АА) - До Меѓународната вселенска станица (МВС) пристигна вселенското летало Сојуз кое презезуваше тројца нови членови за вселенската станица, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека Американецот Скот Тингл, Русинот Антон Шкаплеров и Јапонецот Норишиге Канаи, во 12:55 часот по средноевропско време пристигнале до Меѓународната вселенска станица.
Астронаутите се сретнаа со 54-тата експедиција на станицата, која ја сочинуваат Русинот Александар Мисуркин и Американеците Марк Ванде Хеи и Џо Акаба.
Новите тројца астронаути, ќе останат во станицата до јуни 2018 година. Во овој период, астронаутите ќе спроведат околу 250 експеримети од областа на биологијата, науки за земјината површина, физика и технологија.
Се планира до февруари 2018 година на Земјата да се вратат Ванде Хеи, Акаба и Мисуркин.