Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Откриено е дека најсјајната галаксија во универзумот „W2246-0526“ успеала да отцепи речиси половина од своите три соседи благодарение на масата што ја поседува, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „ScienceDaily“, научниците користејќи го големиот телескоп АLMA (Atacama Large Millimeter/submillimeter Array) забележале дека материи што излегуваат од трите мали галаксии се преземени од многу поголемата „W2246-0526“, откриена во 2015 година.
Танио Дијас-Сантос од Универзитетот „Диего Порталес“ во Чиле изјави дека во претходните истражувања било откриено дека „W2246-0526“ има три придружни галаксии, но дека нема траги за интеракција меѓу соседите и ресурсниот центар.
Дијас-Сантос изјави: „Не очекуваа да се сретнат со една тенденција, но благодарение на ALMA и изработеното длабочинско набљудување, тоа јасно се покажа.“
Откриено е дека „W2246-0526“ претставува најоддалечената набљудувана галаксија која спроведува „јадење“ галаксии.
Светлината што потекнува од галаксијата, на Земјата пристигнува за 12,4 милијарди години. Затоа состојбата на галаксијата „W2246-0526“ што ја гледаме, се совпаѓа со младоста на универзумот.
Деталите од истражувањето се објавени во списанието „Science“.