Zehra Ulucak
22 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Математичар од Универзитетот „Мисури” Куртис Купер откри нов прост број кој има над 22 милиони цифри, јавува Anadolu Agency (АА).
Прости броеви се 2, 3, 5, 7, 11, и сите други во серијата што се деливи само со единицата и сами со себе.
Професорот Куртис Купер повеќе од еден месец потроши во потрага по најголемиот познат прост број и успеа да го постигне тоа кога бројот 2 со истиот тој број го помножи со 74.207.281, а од добиениот резултатот одзеде 1.
Новиот најголем прост број има неверојатни 22.338.618 бројки и невозможно е да се напише во својата оригинална форма. Математички се пишувата: "2 на 74.207.281 минус 1".
Најголемиот досега прост број беше со 17 милиони бројки, а е откриен во 2013 година.
Проектот наречен „Голема интернет потрага за прости броеви”(GIMPS) за ова откритие го награди Купер со 100.000 долари.
Новата задача што ја постави GIMPS пред математичарите е да откријат прост број со 100 милиони цифри. Загарантирана е награда од 150.000 долари.