Mehmet Alaca
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Откриена е најмалата маса на неутрино, позната како основна честичка со нулта маса и нула електричен полнеж, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според написот објавен во научното списание „Nature Physics“, утврдено е дека масата на откриеното електронско антинеутрино е под еден електронволт.
Постојат три различни типови неутрино, како што се електрони, миони и тау-неутрино познати како неутрални честички, што можат да поминат низ материјата речиси без интеракција.
Во споредба со повеќето други основни честички, масите на неутрино се многу мали.
И покрај тоа што неутрино-вибрациите покажуваат дека честичките неутрино имаат маса, нивната вистинска маса е непозната.
Продолжувајќи со истражувањето наречено КАТРИН, спроведено на Технолошкиот институт во Карлсруе, научниците го проучувале трициумот, радиоактивен изотоп што се претвора во хелиум, електронот и електронското антинеутрино.
При испитувањето, ефективната маса на електронското антинеутрино е утврдена дека е помала од 0,8 електронволти, или 1,6 × 10^–36 kg.
Овој резултат покажува дека има мал придонес во масата на неутрино.