Emel Öz
28 Април 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Во новото научно истражување утврдено е дека еден од петте вида влекачи во светот е во опасност од исчезнување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите од истражувањето, кое започна во 2005 година со учество на речиси 1.000 научници, објавени се во списанието „Нејчр“ (Nature).
Од 10.196 вида влекачи испитани во студијата, 21 процент од нив се класифицирани како загрозени, критично загрозени или пред исчезнување.
Во студијата се забележува дека влекачите како што е кралската кобра, изложена е на поголем ризик од истребување во шумите отколку оние што живеат во пустината, поради зголеменото уништување на шумите од страна на човекот.
Екологот Стјуарт Пим од Универзитетот „Дјук“, истакнувајќи дека студијата е многу важна, додаде: „Истражувањето ни дава информации за тоа каде се наоѓаат загрозените видови и каде треба да работиме за да ги заштитиме.“
Меѓу другото, се наведува дека најголемата закана за животот на влекачите во светот е уништувањето на нивните живеалишта.