Hatice Şenses Kurukız
01 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Проф. д-р Мурат Баш, декан на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Аџибадем Мехмет Али Ајдинлар“ во Истанбул, истакна дека телото ги сфаќа сите видови шеќери како шеќер и соодветно на тоа го насочува метаболизмот, и поради тоа порача наместо да се избегнува шеќерот, потребно е да се контролира.
Проф. д-р Мурат Баш, кој исто така е раководител на Одделот за исхрана и диететика на Факултетот за медицински науки, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) се осврна на правилната употреба на шеќерот.
Наведувајќи дека шеќерот е јаглехидрат што може природно да се најде во храната или да се додаде подоцна, Мурат Баш рече дека шеќерот природно се наоѓа во млекото, овошјето и зеленчукот.
Професорот Баш додаде дека шеќерот е храна што треба да се контролира и дека не треба да се плашиме од него.
Истакнувајќи дека ниту еден авторитет не препорачува целосно диета без шеќер, Баш рече дека авторитетните институции како што се Светската здравствена организација, Министерството за здравство и Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) велат дека до 10 проценти од дневниот внес на енергија може да дојде од додаден шеќер.
Тој вели дека како додаден шеќер се смета шеќерот што потрошувачот го додава на храната.
„Некои извори велат дека тоа е слободен шеќер. Затоа се појавуваат термините како што се природен шеќер и додаден шеќер. Природниот шеќер е шеќер кој дава вкус на овошјето, додаден е тој што го ставаме во сутлијач, кога правиме. Тоа што е важно тука е количината што ја додаваме. Значи, контролата на порциите и количината се всушност најважни. Ова се однесува на сè, не само на шеќерот. Контролата на порциите всушност добива важност во целата храна и пијалаците што ги користиме. Постои една перцепција ‘јас ќе го отстранам шеќерот, ако додадам кафеав шеќер или мед‘. Сепак, енергетската вредност на секој грам шеќер е 4 калории. Значи, без разлика дали доаѓа од мед, меласа, трпезен шеќер или кафеав шеќер, тоа воопшто не е важно.“
- „Ако потрошувачката на шеќер не ја надминува дневната препорачана количина, нема да биде причина за никакво заболување или смрт“ -
„Телото ги сфаќа сите шеќери како шеќер и соодветно го насочува својот метаболизам. Затоа, наместо да избегнуваме шеќер, потребно е да го контролираме. Како ќе го контролираме? Тоа е 10 проценти од нашата дневна енергија. Вредноста за женскиот пол на возраст од 2 до 18 години е 6 лажички шеќер. Со други зборови, тоа одговара на приближно 25 грама шеќер. За мажи, тоа одговара на приближно 9 лажички, што одговара на приближно 37,5 грама. Ако ја користиме оваа количина додаден шеќер во секојдневната исхрана, нема никаков проблем во однос на здравјето“, нагласи професорот Мурат Баш.
Тој вели дека во заедницата има погрешна перцепција од видот „Ако консумирам шеќер, ќе имам срцево заболување“, рече дека контролата е многу значајна.
- Познавањата за исхраната и здравјето се многу важни -
Професорот Баш истакна дека како здружение за диететичари ја отвориле веб-страницата „sekernedir.com“ (што е шеќер), со цел да се елиминира лажната перцепција за шеќерот во општеството.
„Загриженоста за храната ги турка општествата да јадат неправилно. Постојат многу добри и одлични студии за ова. Америка е една од земјите со најголеми грижи за исхраната, тоа е земја каде што дебелината и придружните болести, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак, се најчести. На пример, во Франција најмала е загриженоста за исхраната. Таа е земја со најмала бројка на кардиоваскуларни и на сите други хронични заболувања. Исто така, луѓето што се загрижени за храната можат да ја направат својата исхрана помалку здрава или несоодветна по одреден временски период. Значи, писменоста за исхраната и здравјето е многу важна. На нашата страница може да добиете информации за шеќерот, врз основа на научни студии“, нагласи професорот Мурат Баш.