„ОупенВИ“ ја гаси апликацијата за генерирање видеосодржини Сора
„ОупенВИ“, креатор на ЧетЏПТ, ја лансираше апликацијата Сора во септември, но таа веднаш предизвика загриженост кај невладините организации, академската фела и експертите.
АНКАРА(АА) - Компанијата „ОупенВИ“ ја гаси својата апликација Сора, која минатата есен се стекна со огромна популарност како платформа за споделување кратки видеа генерирани со помош на вештачка интелигенција, јавува Анадолу.
Во краткото соопштение споделено вчера на американската компанија за социјални медиуми Х наведе дека „се збогува со апликацијата Сора“ и дека наскоро ќе обезбеди повеќе детали за тоа како корисниците може да ги зачуваат содржините што ги создале на платформата.
„Она што го создадовте со Сора беше значајно и знаеме дека оваа вест е разочарувачка“, се вели во соопштението.
„ОупенВИ“, креатор на ЧетЏПТ, ја лансираше апликацијата Сора во септември, но таа веднаш предизвика загриженост кај невладините организации, академската фела и експертите.
Главните стравувања беа насочени кон ризиците што произлегуваат од можноста корисниците да генерираат видеа од речиси секој текстуален опис, што потенцијално би водело до ширење содржини без согласност и лажни видеоматеријали.
Критичарите предупредуваа дека ваквите алатки може да придонесат за зголемување на бројот на штетни материјали, како и да поттикнат „бесконечно скролање“ - феномен на опсесивно прегледување на содржини на интернет (doomscrolling).
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
